dance to the radio
radio.spodeli.org/103
 

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

23 години Стотројка! Роденденска дружба
Објавено 29.04.2014

Почитувани,


По повод својот 23-ти роденден, Стотројка организира роденденска дружба во чест на македонската независна музичка сцена!
 

 

Среда, 30ти април, 18 часот. 
Слободен настан на платото пред МКЦ.


Целовечерен македонски музички избор, маркет на независни издавачи, проекција на Стотројкашки филмови, slide show документ за скопската урбана култура... Под отворено небо!
 

 

Е'н, 2, три... 103!
 
По долги 3 години, фриформ сешнот "Е'н, 2, три... 103!" се враќа на местото на настанот. Овојпат со 5 тапанари, 9 гитаристи, 4 басисти и двајца клавијатуристи. Недоговорени за свирка учествуваат: Тејка Васиљевиќ, Владимир Настевски, Дино Милосављевиќ, Марко Ковачевиќ, Мите Димовски, Деан Змејкоски, Сеад Хаџиќ, Филип Тасевски, Ивица Димитријевиќ, Горазд Чаповски, Синиша Евтимов, Соња Димитриоска, Јана Коцева, Драган Гиновски, Стефан Ивановски, Теодор Бошков, Петар Младеновски, Саша Павловиќ, Александар Балдазарски и Ненад Тонкин.
Старт: 21 часот.

 

Кино Фросина - филмски проекции:


19:00

Гето 103 (МРТВ / ФДУ, 1999) 

Режија: Јане Алтипармаков
Времетраење: 11 мин.


19.15

Ако никој не свири (Стотројка, 2010)

Режија: Ѓорѓи Јаневски
Времетраење: 55 минути


20:15 

Од другата страна (Danse Macabre, 2012)

Режија: Ивица Дукоски, Златко Гелески

Времетраење: 1 минута


20:20 

103 - Љубовно Писмо До Алтернативната Култура (PMG Recordings, 2013)

Режија: Синиша Евтимов

Времетраење: 55 минути

_______________________________________________


21:30 - Гето 103 

21:45 - Ако никој не свири 

22:45 - Од другата страна 

22:50 - 103 - Љубовно Писмо До Алтернативната Култура 

 


Дојдете, донирајте и наздравете за вашето радио.


И покрај сè, Стотројка... Една љубов!

 

Аудио покана

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

ВО МОМЕНТОВ НА 103ЈКА:


Објавено 29.06.2016
.