dance to the radio
radio.spodeli.org/103
 

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

NOITU >> MOVING_FRAME @ KANAL 103, 10.06.2012 / 22:00
Објавено 08.06.2012

Најновото продолжение на радио серијалот “Ако никој не свири.. во живо на Стотројка”, е резервирано за NOITU и неговиот аудио-визуелен проект насловен Moving_Frame.
“MOVING_FRAME” претставува спој помеѓу звучен перформанс и видео инсталација, проект инспириран и работен според специфичниот простор во скопското радио ‘‘Стотројка”, сместено во зградата на Македонската Радио Телевизија.
Траекторијата на перформансот го лоцира преминот од погледот преку прозорецот на еден од вагоните на Македонски Железници и истиот го проектира во основната атмосфера на просторот во радиото. Целната замисла е искуството на патување да се преслика и воедно да се прикаже истиот тој амбиент во ново светло. На тој начин посетителот се доближува до поимањето за патување со музика, каде подеднакво се испреплетуваат погледот од возот, звуците и природата.
Концептот сам по себе e игра помеѓу два простори, кои по нивната суштинска вредност потполно се разликуваат. Возот кој е во состојба на движењe наспроти радиото кое е статично. Сепак, постои нераскинливо обележје кое ги поврзува, а тоа е сличноста во дизајнот на ентериeрот, кој датира од времето на државниот социјализам.
Оттаму се развива идејата да се трансформира просторот во студиото на радиото и речиси изедначи со автентичната атмосфера при патувањето со воз. Присутните во радиото ќе бидат сведоци на сетилна измама, што се должи на идентификација со две различни средини, додека свеста на слушателот ќе овозможи стимулација од една дестинација до друга, трансформирајќи го просторот во движечки вагон од слики и звуци.

...

NOITU е соло аудиовизуелен проект на Саше Пуцковски (Скопје, Македонија). Неговата работа се карактеризира по концепуталниот пристап кој може да се движи од аудио/видео инсталација, интеракција и визуелна уметност па се до музички перформанс и импровизација. Неговиот музички пристап е најчесто сплет од цврсти и комплексни структури и може да варира од суптилни synth текстури и амбиентални атмосфери до прецизни и цврсти ритмични патерни како и деформирани, но топли звучни скулптури.
Член е на скопскиот електронски лаптоп состав Disphilharmonia.

noitu @ soundcloud

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

ВО МОМЕНТОВ НА 103ЈКА: