dance to the radio
radio.spodeli.org/103
 

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

103 PUSSY RIOT / FREE КОНЦЕРТ
Објавено 28.08.2012

Музичкото радио, Канал 103 организира слободен концерт во знак на поддршка на руската феминистичка група, истовремено и бенд Пуси Рајот. Три членки на оваа група се осудени на по 2 години затвор, а останатите се прогонувани во Русија за нивниот перформанс (изведба на панк композиција) во московската катедрала, со кој изразија протест кон путиновата автократија и отворената поддршка која Руската Православна црква ја дава на владејачката гарнитура. Сметаме дека никој не смее да биде прогонуван заради спротивно мислење, или уметнички перформанс. Затоа, со овој настан даваме полна поддршка на Пуси Рајот и бараме нивно итно ослободување од затвор, бришење на пресудата и прекин на прогонот. Ако ја разгледуваме спрегата на интерес помеѓу црквата и владејачката гарнитура, очигледни се паралелите кои може да се повлечат помеѓу Русија и Македонија.

Нашата поддршка ќе ја изразиме преку слободен концерт, кој ќе се одржи во четврток на 6ти септември, со почеток во 17:00 на платото кај споменикот на Гемиџиите, омилено место за дружење и музицирање на 103јкашите. Ќе настапат бендовите: Бернајс Пропаганда, Сетстат, Кантон6, Подземан Ефект и Галатеа.

Ум за владетелот, слобода за непослушните!

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

ВО МОМЕНТОВ НА 103ЈКА: